Гундоган ја знае можната слаба точка на Шпанија: Ќе видиме како ќе се снајдат

July 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гундоган ја знае можната слаба точка на Шпанија: Ќе видиме како ќе се снајдат

Гундоган во моментов е капитен на германската репрезентација, а бидејќи во моментов е член на Барселона, очигледно е дека го познава и шпанскиот фудбал. Играјќи токму под Гвардиола во Сити кој воедно е шпански тренер, тој научи многу во својата кариера токму од него па многу добро е запознаен со тимови кои сакаат посед на топката, исти стил како што игра селекцијата на Шпанија. „Шпанија засега е најдобар тим на турнирот и ми се допаѓа нивниот стил. Секогаш сум тесно поврзан со тимови кои сакаат посед на топка, ми се допаѓа што прават, но ќе видиме како ќе се справат кога ние ќе ја имаме топката во нозе. Одбраната е нешто на што посебно работевме во Сити во првите неколку години со Пеп. Ќе видиме дали Шпанија знае да игра и кога ја нема топката во нозе“, вели Гундоган. Дуелот меѓу Германија и Шпанија е финале пред финалето и сигурно дека не очекува тактичко надмудрување меѓу Ла Фуенте и Нагелсман. Овој дуел се игра утре со почеток од 18 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.