Спектакл на ЕП: Талентите на Шпанија и Германија на голема сцена, Мбапе против идолот Роналдо

July 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Анализи

Спектакл на ЕП: Талентите на Шпанија и Германија на голема сцена, Мбапе против идолот Роналдо

Денеска ќе се одиграат првите два четвртфинални дуели на Европското првенство каде не очекува вистински спектакл. Првиот дуел е од 18 часот каде се среќаваат Шпанија и Германија, а вториот дуел се игра од 21 часот помеѓу Франција и Португалија. Шпанија и Германија се среќаваат во дуел кој е финале пред финалето. Интересени факт се врзуваат за овие две селекции пред натпреварот. Имено, Шпанците никогаш не загубиле од Германија во последните шест официјални натпревари, а Германците не можат да ја победат Шпанија од 1998 година. Сепак, Шпанија никогаш не го победила домаќинот на европско или светско првенство во фазата на елиминации. Тоа на Шпанците не им успеало никогаш дури од 1934 година. Шпанија и Германија играат одлично Европско првенство. Неуморните крила на Шпанија против средината на Германија која перфектно е искомбинирана преку спој на младост и искуство. Де Ла Фуенте преферира контрола на топката преку посед и креирање на шанси преку крилата, Нагелсман преферира хаос, односно енергичен фудбал, а тој воедно е и тренер кој преферира да напаѓа по средината на теренот каде играчите стојат близу еден до друг и соработуваат при креирање на шанси за гол. Вториот дуел на денешната програма е дуелот меѓу Франција и Португалија. Португалија имаше добар почеток, но потоа не успеа да постигне ниту еден гол во последните два натпревари, а исто така загуби и од Грузија во последниот натпревар од групната фаза. Мартинез итно треба да смисли нешто за да биде конкурентен со Французите, бидејќи среќата не секогаш ќе биде на негова страна. Трет натпревар Франција нема примено гол на ова Европско првенство, но нешто и во нападот не функционира како што треба. Франција има само еден примен гол на последните шест натпревари досега. Засега и двете селекции покажаа дека играат бавен фудбал каде многу често изостануваат подобрите комбинации и решенија кај фудбалерите. Поради целокупното искуство, Франција е во мала предност во овој дел, но Португалија покажа дека знае и умее да се бори до крај. Дидие Дешам за денешниот меч нема да смета на Рабио кој е суспендиран поради жолти картони, а во редовите на Португалија нема суспендирани фудбалери. На двата меча правдата ќе ја делат англиски судии. Дербито во Штутгарт е за Ентони Тејлор, додека дуелот во Хамбург ќе го суди Мајкл Оливер.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.