УЕФА образложи зошто казните се различни за Белингем и Демирал!

July 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

УЕФА образложи зошто казните се различни за Белингем и Демирал!

УЕФА реши да го суспендира Белингем со еден натпревар, но суспензијата може да биде искористена во натпревар во кој Англичаните ќе одлучат во следните 12 месеци. По оваа одлука, реагираа и Турците каде УЕФА го санкционира Мерих Демирал на два натпревари поради користење на политички симбол за време на славје на еден од головите против Австрија. УЕФА во овој случај не дозволи суспензијата да се одложи како во случајот на Демирал, па турскиот херој нема да нема да игра против Холандија во четвртфиналето, ниту во потенцијално полуфинале или следниот официјален меч на Турција. Но, УЕФА реши да објасни зошто Белингем може да игра сега на Европското првенство, а Демирал не. УЕФА пресуди дека Англичанецот е казнет поради „прекршување на основните правила за пристојно однесување“. Демирал, од друга страна, упати политички поздрав, бидејќи неговата прослава се сметаше за поздрав до турските десничарски политички активисти „Сиви волци“. УЕФА објасни дека тој е суспендиран „за користење на спортски настани за манифестации од неспортски карактер“, односно дека користел симболи од политичка природа. И натаму ќе остане дилемата дали и двете казни требаше да бидат одложени за после Европското првенство, или пак дали и двете да важат од сега па така и двајцата да бидат суспендирани, бидејќи и двата геста се непристојни и непотребни.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.