Феликс трагичар, Франција се пласира во полуфиналето!

July 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Феликс трагичар, Франција се пласира во полуфиналето!

Франција ја совлада Португалија после пенали а трагичар во пенал серијата за Португалија беше Феликс. Двете екипи буквално играа како да се чуваа за пеналите и во првото полувреме имаше само еден директен удар. Шанси имаа Гризман, Камавинга, Мбапе, Коло Муани, меѓутоа ништо вредно за издвојување и на одмор се замина со почетниот резултат. Во второто продолжение немаше никакви промени на темпото, а селекциите како да чекаа крај и пенали. Во 120та минута Нуно Мендеш не успеа да даде гол при одлина шанса. Потоа мечот влезе по пенал серијата каде прв од белата точка погоди Дембеле, а по него погоди и Роналдо. Следеа голови на Фофана и Силва, перфектен пенал изведе Кунде, а потоа Феликс погоди статива. По голот на Баркола, фантастичен шут изведе Мендеш. За клучниот пенал одговорноста ја презеде Тео Хернандез, а тој ја испрати во аголот за полуфинале. Диего Коста како да не беше во форма како порано кога беше жив зид за одбрана на мрежата.      

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.