Објаснето е зошто играњето со рака на Кукуреља не е пенал!

July 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Објаснето е зошто играњето со рака на Кукуреља не е пенал!

Во пресрет на Европското првенство, УЕФА ги промени правилата во однос на тоа во кои ситуации е пенал а во кои не. Ова дури го призна и Јулијан Нагелсман. Реакциите беа за моментот кога Мусиала шутираше а топката го погоди Кукуреља во рака. Некои помислија дека во зачетокот од акцијата веројатно имало офсајд од Никлас Филкруг, па затоа Ентони Тејлор не отиде барем да погледне снимка дали е пенал. Но, англискиот судија само доследно ги почитувал новите правила на УЕФА. Имено, правилата се дека би било пенал само ако раката шеснаесетникот се смета крената рака покрај телото или свитката во лакт, но не и кога таа е спуштена кон земјата. Се чини дека Кукуреља природно ја влечеше раката надолу без да има никакви намери да ја удри топката. Во случајов неговата рака е вертикално поставена и не го прави неговото тело поголемо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.