Официјално: Килијан Мбапе е нов фудбалер на Реал Мадрид

June 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Официјално: Килијан Мбапе е нов фудбалер на Реал Мадрид

Кончено дојде и тој момент, Килијан Мбапе е новиот фудбалер на Реал Мадрид. После неколку обиди на Перез да го донесе Мбапе во Мадрид, тоа од денеска и официјално е реалност, а договорот е потпишан до 2029 година.

Тој доаѓа како слободен агент, но само за потпис на договорот ќе добие бонус од 100 милиони евра и плус плата од 15 милиони евра годишно, плата која е многу помала од онаа која ја земаше во ПСЖ каде таму се зборуваше за цифри над 80 милиони евра годишно.

Откако во 2022 година тој потпиша нов договор со ПСЖ и тоа краткорочен договор до 2024 година, извесно беше дека сепак не му беше затворена вратата за Реал Мадрид.

Како што пренесе и Фабрицио Романо, одлуката беше донесена во февруари.





Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.