Откриено е што разговарале Роналдо и Пепе откако Португалија загуби! (ВИДЕО)

July 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Откриено е што разговарале Роналдо и Пепе откако Португалија загуби! (ВИДЕО)

Португалија вчера на пенали беше поразена од Франција во четвртфиналето каде трагичар кај Португалците беше Жоао Феликс. На оваа Европско првенство кај Португалија Роналдо стана првиот играч кој настапил на шест европски шампионати, а другиот искусен фудбалер Пепе стана највозрасниот играч кој заиграл на еден ваков турнир, па иако целта беше да се простат со трофеј, нивниот пат заврши неславно. Роналдо малку подобро го прими поразот, додека Пепе беше доста емотивен. Стоперот заврши во прегратка на капитенот и не можеше да ги сокрие солзите, а португалските медиуми ги открија и зборовите кои си ги размениле двајцата. Пепе: Ти благодарам за се брате….. Роналдо: Правам се за Португалија…….

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.