July 6, 2024 | | Свет
Рио Фердинанд и Гери Линекер кои работат во Би-Би-Си, сметаат дека продолженијата двапати од по 15 минути треба да се укинат бидејќи фудбалерите ионака имаат премногу натпревари. Тоа на пример е случај во Копа Америка каде после регуларните 90 минути веднаш се пристапува кон пенали. „Се повеќе размислувам дали продолженијата имаат смисла. Крај е на една неверојатно тешка сезона, фудбалерите играат многу натпревари и тоа е причина зошто голем дел од нив изгледаат изморено на овој турнир. Можеби треба да размислиме да се укинат продолженијата ионака кога ќе дојде до нив сите сакаат да гледаат пенали“, вели Линекер. И Рио Фердинанд се согласи со ставот на Линекер. „Ако продолжиме да измислуваме нови натпреварувања, нови натпревари, играчите ќе пукнат. Мислам дека мора да се најде начин за да се намали минутажата. Наместо да се играат продолженија, може веднаш да се изведуваат пенали“, рече Фердинанд.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |