Египетски фудбалер почина по срцев удар на теренот

July 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Египетски фудбалер почина по срцев удар на теренот

Фудбалскиот сојуз на Египет на прес-службата соопшти дека египетскиот фудбалер и поранешен репрезентативец Ахмед Рефат почина на 31-годишна возраст како последица на срцев удар. Како член на египетскиот прволигаш Фјучерс тој доживеа срцев удар на натпреварот од 16. коло на египетското првенство против Ал-Итихад (0:0), кој се одигра на 11 март. Тој загуби свест и падна на теренот каде бил пренесен во болница и лекарите успеале да го оживеат, но неговата здравствена состојба останала нестабилна и беше ставен во индуцирана кома. Рефат вкупно одигра седум натпревари на кои постигна два гола за селекцијата на Египет.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.