Сонот за европскиот трофеј е сè уште реален: Англија оди во полуфинале! (ВИДЕО)

July 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сонот за европскиот трофеј е сè уште реален: Англија оди во полуфинале! (ВИДЕО)

Англија после пенали се пласираше во полуфиналето на Европското првенство. Во регуларните 90 минути Швајцарија погоди преку Емболо 75. минута, а пет минути подоцна Сака брзо ги врати Англичаните резулатски во игра. Во продолженијата и двете селекции веќе беа со мислите во пенал серијата, па одиграа претпазливо. За Англија сите пет играчи во пенал серијата погодија: Палмер, Белингем, Сака, Тони и Александар Арнолд. Кај Швајцарците пак Аканџи беше трагичар, а погодија Шар, Шаќири и Амдоуни. Англија во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Холандија и Турција. Ова беше уште еден натпревар каде немаше атрактивни моменти и фудбал убав за око, но најверојатно гледачите се навикнаа веќе на тоа на ова Европско првенство.

Пенал серијата пак можете да ја погледнете ТУКА.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.