Ван Дајк е лидер на негативната листа на ЕП!

July 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ван Дајк е лидер на негативната листа на ЕП!

Ван Дајк неможе да се пофали со една негативна статистика, а тоа е дека тој направил најмногу прекршоци од кој било учесник на ЕП 2024 досега. Имено, тој направил 12 фаули на пет натпревари па ова доби жолт картон. Најверојатно тој ќе заврши како лидер на оваа листа бидејќи играчите веднаш зад него или веќе испаднаа или не е јасно дали воопшто ќе играат. Втор е Германецот Роберт Андрих со 11 фаули, но тој го заврши учеството, а истото важи и за Адам Черин (Словенија) и Штефан Пош (Австрија), кои направиле по 10 прекршоци. Со осум прекршоци е Робен Ле Норман од Шпанија, но тој е суспендиран за претстојното полуфинале против Франција. Само Мората може да го достигне Ван Дајк бидејќи тој се уште е на ова Европско првенство, а тој има осум прекршоци. Позитивна вест за Ван Дајк е што според правилата на УЕФА за полуфинале, еден досега добиен жолт картон е поништен. Тој и официјално повторно да биде предупреден, ќе може да ги извади „лалињата“ во мечот за трофејот во Берлин.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.