July 8, 2024 | | Свет
Англија во второто полуфинале на Европското првенство ќе се сретне со Холандија. Правдата на тој натпревар ќе ја дели германецот Феликс Цвајер. Токму Белингем имаше проблеми со овој судија во периодот кога играше во Борусија Дортмунд. За овој судија полуфиналето ќе биде неговиот четврти меч на Европското првенство, а претходно ја делеше правдата на пресметката помеѓу Италија и Албанија во првото коло, победата на Португалија над Турција во второто коло, како и дуелот помеѓу Холандија и Романија во осминафиналето. Белингем по еден пораз од Баерн Минхен во периодот кога го носеше дресот на Борусија Дортмунд имаше коментар за овој судија каде дури доби и казна од 40.000 евра. „Што очекувате од некој кој местел натпревари?“, кратко рече тогаш Џуд. Тој зборуваше за инцидентот на овој судија кога во 2005 година беше суспендиран на шест месеци откако призна дека земал пари за да влијае врз резултат на натпревар.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |