Дешамп се налути: Ако сме ви досадни, гледајте нешто друго!

July 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Дешамп се налути: Ако сме ви досадни, гледајте нешто друго!

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидиер Дешан на прес-конференција денес беше многу лут кога беше запрашан за тоа дека неговата селекција игра „досаден“ фудбал. Неговата селекција утре во Минхен ќе игра против Шпанија во полуфиналето на Европското првенство во Германија. Како што тврдат и гледачите, утрешниот дуел би бил помеѓу селекција која игра „досаден“ и селекција која игра „убав“ фудбал. „Ако ви е досадно со нас, можете да гледате нешто друго, не е важно“, изјави Дешан на прашањето за критиките упатени кон неговиот тим. Ова е специфично Европско првенство, со помалку голови од вообичаеното. Имаме шанса да ја израдуваме Франција, во деликатна ситуација за нашата земја. Ако на другите им е досадно, мене не ми е гајле”, објаснува францускиот селектор. Тој со Франција го освои Светското првенство во 2018 година, како и Лигата на нации во 2021 година, а во 2016 година беше финалист на Европското првенство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.