July 9, 2024 | | Свет
Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља даде свој коментар поради споредбите со Карлес Пујол, а таквите споредби се поради изгледот и долгата коса кои потсетуваат на легендата, па експертите почнаа да прават паралела меѓу двајцата. „Карлес е легенда и ние сме слични во смисла дека секогаш даваме се од себе за тимот. Тој многу добро ги знаеше своите силни и слаби страни и тимот секогаш му беше најважен. Мило ми е за таа споредба – тој беше одличен играч, кој влезе во историјата, се надевам дека ќе има слична кариера“, рече Кукуреља, цитиран од официјалната веб-страница на УЕФА. Вечерва Шпанија ќе се соочи со Германија во првото полуфинале. „Ова беше многу тешка сезона и овој турнир не држи подалеку од нашите семејства долго време. Ако на крајот ја освоиме титулата, тоа ќе биде одлично и ќе израдува многу луѓе“, додаде тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |