Роналдо не може да му прости: Го отследил Феликс бидејќи промаши пенал!

July 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо не може да му прости: Го отследил Феликс бидејќи промаши пенал!

Кристијано Роналдо имаше ужасно Европско првенство каде не постигна ниту еден гол, а Португалија испадна во четвртфиналето. Трагичар беше Жоао Феликс кој го промаши пеналот против Франција, а Роналдо реши да го „казни“ фудбалерот на Атлетико Мадрид. Играчот на Ал Наср го отследил својот соиграч од репрезентацијата на Инстаграм по мечот со Франција откако го промаши пеналот. Иако Жоао Феликс го следи Кристијано Роналдо, во другиот правец тоа не е така.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.