Ужас на ЕП: Член на селекцијата на Албанија силувал девојка во хотел!?

July 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ужас на ЕП: Член на селекцијата на Албанија силувал девојка во хотел!?

Во медиумите во Германија денеска беше објавена шокантна информација, а тоа е дека член на албанската фудбалска репрезентација наводно сексуално злоставувал девојка во хотел за време на настапите на Албанија на Европското првенство. Јавното обвинителство во Дортмунд отворило истрага против супервизорот на албанската фудбалска репрезентација, кој е осомничен дека наводно девојката ја силувал во спортскиот центар „Камен-Кајсерау“. Тој, наводно ја фатил хотелската работничка за рака и против нејзина волја имал сексуални дејствија во тоалетот, а настанот се случил непосредно пред последниот натпревар во групата. „Јавното обвинителство не даде никакви информации за здравствената состојба на жената. Сега истражуваат до кој степен обвинетиот постапил против волјата на жената. Во моментов нема налози за апсење. Обвинетиот - кој не е ниту играч, ниту тренер, ниту функционер, веќе е вратен во Албанија - пишува германска „Антена“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.