July 9, 2024 | | Свет
Шпанија е првиот финалист на Европското првенство откако ја совладаа Франција со 2-1. Шпанија уште во првото полувреме успеа да го сврти резултатот и во второто полувреме немаше промени. Франција воопшто не покажа дека е тим кој сака да се бори за финале, па може да се каже дека денес убавиот фудбал победи. Голот за Франција го постигна Коло Муани, возврати Јамал за Шпанија, а резултатот го сврте Дани Олмо. Фантастично беше првото полувреме, вистинско полуфинале, а во второто полувреме Франција ништо не покажа. Шпанија во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Англија и Холандија кои играат утре.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |