Јамал му врати на Рабио: Ајде зборувај сега! (ВИДЕО)

July 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јамал му врати на Рабио: Ајде зборувај сега! (ВИДЕО)

Ламин Јамал одигра неверојатен натпревар каде го постигна најдобриот гол на ова Европско првенство. Пред дуелот, Рабио беше оној кој го провоцираше Јамал. „Видовме дека располага со голем квалитет и знае да се носи со притисокот. Подготвен е да игра на високо ниво. Но полуфинале на големо натпреварување е нешто сосема друго. Исто така и ние ќе го ставиме под дополнителен притисок, нема да му дозволиме да биде комфорен и ќе му покажеме дека треба да понуди многу повеќе ако сака да игра финале“, рече Рабио за Јамал пред почетокот на натпреварот. Јамал му испрати порака пред натпреварот со објава на социјалните мрежи: „Молчи и работи, зборувај само кога ќе дојде време да кажеш „шах-мат““, напиша Јамал на Инстаграм. Кога судијата отсвири крај на натпреварот, Јамал повторно му испрати порака на Рабио. „Зборувај сега, зборувај сега“, викаше Јамал во камерата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.