Познато е кој број на дресот ќе го носи Мбапе во Реал Мадрид

June 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Познато е кој број на дресот ќе го носи Мбапе во Реал Мадрид

Вчера и официјално беше потврден трансферот на Мбапе во Реал Мадрид кој конечно ќе го облече белиот дрес.

Во однос на тоа кој број ќе го носи, тој треба да го земе дресот со број 9, бројка која остана празна со заминувањето на Бензема.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Мбапе ќе го чека дресот со број 10 од Лука Модриќ и најверојатно ќе го преземе во сезоната 2025/26.

На овој начин тој би чекал исто како Кристијано Роналдо кога ја чекаше седумката од легендата на Мадрид, Раул.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.