Нервозниот Дарвин по поразот се тепаше со навивачите! (ВИДЕО)

July 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нервозниот Дарвин по поразот се тепаше со навивачите! (ВИДЕО)

Уругвај беше поразен во полуфиналето на Копа Америка од Колумбија со минимални 1-0 каде Уругвај повеќе од едно полувреме имаше играч повеќе, но не ја искористи оваа шанса па така Колумбија во финалето ќе игра против Аргентина. По поразот, ситуацијата излезе од контрола па дојде до тепачка каде вклучен беше и фудбалерот на Ливерпул Дарвин Нуњез. Напаѓачот на Ливерпул заедно со Араухо од Барселона излегоа на трибините да се пресметаат со колумбиските навивачи, а тој дури беше и удрен со тупаница во главата. Наводно, причината за ваквата реакција на играчите било постојаното малтретирање на семејството на Дарвин од страна на колумбиските навивачи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.