July 11, 2024 | | Свет
Англија успеа да се пласира во уште едно финале на Европското првенство по она во 2021 година кога на пенали изгубија од Италија. Статистиката го потврдува она што сите го зборуваат: Не се убедливи на последните две Европски првенства. Досега Англија одигра вкупно 13 натпревари на двете првенства и постигнаа вкупно 18 голови. На тие 13 натпревари Англија шутнала во просек нешто повеќе од девет пати што е ужасна бројка за селекција во вакви квалитети. Со лоша и безенергична игра, сепак некако стигнаа до две финалиња по ред. Нивниот просек е 9,1 шут на 90 минути во тие 13 натпревари, а аналитичарот Мајкл Рид од „Opta“ вели дека тим со таква игра не може да опстане на пример во Премиер-лигата. Ако Англија го освои ова Европско првенство би било вистинско чудо со оглед на фактот на кој начин ќе биде освоен турнирот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |