ГОТОВО: Зиркзе ќе биде нов фудбалер на Манчестер Јунајтед!

July 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ГОТОВО: Зиркзе ќе биде нов фудбалер на Манчестер Јунајтед!

Фабрицио Романо штотуку објави дека Џошуа Зиркзе ќе биде ноиот фудбалер на Манчестер Јунајтед. Според неговите информации, Јунајтед нема да ја плати неговата клаузула од 40 милиони евра, туку ќе плати нешто повеќе од таа сума која ќе биде исплатена во наредните три години. Тој ќе потпише договор до 2029 година со Јунајтед, а доаѓа од редовите на Болоња. Ова воедно е и првото засилување на управата на ИНЕОС која ги превзеде операциите на клубот. Според Transfermarkt, тој вреди 50 милиони евра, а минатата сезона во Серија А постигна 11 гола и пет асистенции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.