Неверојатниот Тиквеш постигна три гола за 15 минути и стигна до победа! (ВИДЕО)

July 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Неверојатниот Тиквеш постигна три гола за 15 минути и стигна до победа! (ВИДЕО)

Освојувачот на Купот на Македонија Тиквеш направи голем пресврт против Бреидаблик со 3:2 откако на полувремето губеше со 0:2. За нив ова беше дебитантски настап во европските квалификации а славеа на историски начин. Ова беше првиот натпревар од 1/8 финалето од квалификациите за Конференциската лига. Тие губеа со два гола разлика а за само осум минути успеаја да направат целосен пресврт. Стрелец на првиот гол за тимот од Кавадарци беше Кристијан Стојкоски во 74. минута. Тиквеш целосно се врати во игра во 80. минута со прекрасниот гол од слободен удар на Мартин Стојанов. Третиот гол кој значеше целосен пресврт го постигна Лео Гуера во 83. минута. Реваншот е за седум дена, а таму тимот од Кавадарци ќе брани предност од еден гол разлика.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.