Тебас го одобри трансферот: Барселона ќе може да го ангажира пеколниот играч!

July 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тебас го одобри трансферот: Барселона ќе може да го ангажира пеколниот играч!

Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас изјави дека Барселона е блиску да се врати на нормата „1-1“ која означува дека ќе може да се потроши секое евро кое ќе го заработи од играчите кои си заминуваат, а изгледа управата на Барселона е блиску до таа цел. Тебас зборуваше за потенцијалниот трансфер на Нико Вилијамс во Барселона. „Барселона е блиску до нормата „1-1“ и ако стигне до тоа, може да го купи Нико. Напорот кој го вложи Барселона со намалување на расходите за 200 милиони евра, направија да бидат блиску до ангажман на играч како Нико Вилијамс“, вели Тебас. Клаузулата на Нико Вилијамс изнесува 58 милиони евра. „Ако платите 58 милиони евра и ако понудите три годишен договор, оваа сума се исплаќа на рати. Ќе дојде по 20 милиони евра годишно. Барселона ќе може да си ја дозволи оваа сума со нормата „1-1“, објаснува тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.