July 13, 2024 | | Свет
Дали на повидок летово е сензационален трансфер на Стефан Ристовски? Според информациите на „СпортСпорт“, некогашниот европски и светски првак Црвена Звезда се распрашала за Ристовски, а наводно спремаат и понуда. Овој трансфер би бил вистинска „бомба“ во целиот Балкан, а Звезда покажала сериозен интерес за него каде се подготвуваат за уште една групна фаза во Лигата на шампионите. Ристовски во моментов е е еден од омилените играчи на „модрите“. Потенцијалниот трансфер во Црвена Звезда би бил уште еден во низа големи клубови за кои тој има настапувано. Во својата кариера тој има играно за Вардар, а настапуваше и за Парма, Кротоно, Фросиноне, Бари, Латина, Ријека, Спортинг и во моментов игра за Динамо Загреб. Тој е член на Динамо од 2021 година, а неговиот договор истекува наредното лето. Според Transfermarkt, тој вреди 1,2 милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |