Кој е фаворит за освјоување на ЕУРО 2024?

June 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Анализи

Кој е фаворит за освјоување на ЕУРО 2024?

Претстојното Европско првенство кое ќе започне на 14 јуни и ќе трае до 14 јули ќе се одржи во Германија во дури 10 различни градови меѓу кои: Берлин, Келн, Минхен, Франкфурт, Хамбург, Дортмунд, Лајпциг, Гелзенкирхен, Штутгарт и Дизелдорф.

На 10 дена пред почетокот на Европското првенство, се отвара прашањето за тоа кој е фаворит.

Според OPTA, главен фаворит за освојување на ЕУРО 2024 година е Англија со 19,9 проценти  пред Франција со 19,1 отсто и домаќинот Германија со 12,4 отсто.

Во однос на тоа која репрезентација има искуство и која освоила трофеи со истите играчи кои ќе настапат на ЕУРО 2024, тука е Франција која во 2018 година го освои Светското првенство со горе-долу истите играчи од сегашниот состав кој ќе настапи во Германија.

Англија со години има притисок да освои важен трофеј со оглед на играчите кои ги поседува и со оглед на тоа дека одамна немаат освоено голем трофеј. Квалитет е неспорен и тоа е една од причините зошто тие се сметаат за први фаворити.

Германија како домаќин сигурно дека ќе има мотивација да покаже дека и нивната репрезентација може да се бори.

Со 9,6 отсто четврта на листата е Шпанија која има комбинација на младост и искуство во моменталниот состав.

Португалија ја заокружува листата на топ 5 тимови со најголеми шанси за освојување на трофејот. Тие во 2016 година беа европски шампиони а дефинитивно можат да се пофалат со добри фудбалери кои можат да решат натпревар во секој момент. Искусниот Роналдо исто така во најверојатно неговото Европско првенство ќе се потруди да остави впечаток.



Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.