July 13, 2024 | | Свет
Оли Воткинс го постигна победоносниот гол за Англија против Холандија и ги однесе во финалето на Европското првенство. Воткинс даде изјава пред финалето кое ќе се одигра утре па ја спореди Англија со Реал Мадрид. „Ние сме како Реал Мадрид во Лигата на Шампиони. Згодно ни е и без топка, имаме самодоверба дека ќе постигнеме гол штом ја добиеме топката во наши нозе. Дефинитивно е тешко да не победиме. Нам ни треба таа една шанса и можеме да го решиме натпреварот. Не е важно дали играме лошо, го имаме талентот на светска класа каде можеме да се појавиме од никаде и да постигнеме гол“, вели Воткинс. Дуелот ќе се игра утре на Олимпискиот стадион во Берлин со почеток од 21:00 часот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |