Познати составите: Карвахал и Ле Норманд се враќаат, Лук Шо ќе биде левиот бек!

July 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Познати составите: Карвахал и Ле Норманд се враќаат, Лук Шо ќе биде левиот бек!

Селекторите Де Ла Фуенте и Герет Саутгејт ги објавија почетните состави за финалето кое започнува од 21:00 часот и ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Берлин. Шпанија ќе ја бара својата четврта титула, а Англија никогаш досега го нема освоено овој трофеј. Може да се каже дека составите се очекувани, а за првпат Лук Шо е во почетниот состав на ова Европско првенство. Шпанија: Унаи Симон, Карвахал, Ле Нормад, Лапорте, Кукуреља, Родри, Фабиан Руиз, Олмо, Јамал, Нико Вилијамс, Мората. Англија: Пикфорд, Гуеи, Стонс, Вокер, Шоу, Сака, Мајно, Рајс, Белингам, Фоден, Хари Кејн.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.