Англичаните не можат да го трпат Белингем, му свртоа грб!

July 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Англичаните не можат да го трпат Белингем, му свртоа грб!

Англија повторно неславно го заврши Европското првенство каде второ првенство по ред претрпуваат пораз во финалето. Тие беа надиграни од Шпанија која покажа најмногу на ова Европско првенство. Веднаш по поразот, на виделина излегоа „валканите работи“. Имено, ден пред финалето во Берлин било многу тензично во хотелот на англискиот тим, бидејќи голем број играчи му го свртеле грбот на Џуд Белингем. Белингем учествуваше во реклама на „Адидас“ во која на Белингам се гледа како спасител на Англија, апсолутен херој на нацијата, што воопшто не им се допадна на неговите соиграчи бидејќи се стави себеси во преден план, а во исто време не ја делеше одговорноста во некои други работи. Според „The Athletic“ има играчи кои не го сакаат претерано Џуд каде се споменуваат Кол Палмер, Адам Вартон и Ентони Гордон, а на Кејн, Вокер и Рајс не им се допаѓа однесувањето на Белингем. На соиграчите им пречело тоа што Белингем постојано „глуми“ пред камерите каде на крајот од мечот им честиташе на сите за добрата игра и ги тешеше како да е капитен. Од друга страна пак, тој проба да ги избегне медиумски обврски кога ситуацијата беше проблематична, а оние со помалку исксутво излегоа пред медиумите и дадоа изјави. Од секогаш соблекувалната на Англија била проблематична, без разлика за која генерација станува збор. Очигледно тие цело време се поделени и тоа се одразува на нивните игри.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.