Познат е тимот на ЕП: Дури шест играчи на Шпанија!

July 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Познат е тимот на ЕП: Дури шест играчи на Шпанија!

УЕФА и официјално го одбра тимот на Европското првенство во кое победник беше Шпанија каде во финалето ја совлада Англија со 2:1 каде херојот беше Ојазабал. Од редовите на Шпанија има дури шест фудбалери, Франција има двајца, а Германија, Швајцарија и Англија имаат по еден фудбалер. Голман е Мењон, десен бек е Кајл Вокер, стопери се Аканџи и Салиба, а лев бек е Кукуреља. Во средината е триото на Шпанија, односно Родри, Фабиан Руиз и Дани Олмо. Нападот го сочинуваат Нико Вилијамс, Ламин Јамал и Мусиала.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.