Давид Бабунски е нов фудбалер на Данди Јунајтед!

July 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Давид Бабунски е нов фудбалер на Данди Јунајтед!

Давид Бабунски е нов фудбалер на Данди Јунајтед. Доаѓа од редовите на Мезоковешд и потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една година. „Длабоко сум благодарен за довербата што клубот ја има во мене. Трпеливо чекав ова да се финализира, и одложував одговор на други понуди во процесот затоа што со нетрпение очекував ваква можност. Доаѓањето во земја каде што фудбалската култура е огромна и стандардот на лигата е висок се дел од работите кои ме привлекоа, и веќе можам да ја почувствувам големината на клубот. Ќе биде голем предизвик за мене – очекувањата за оваа сезона се високи, како што и треба да бидат, и треба да веруваме дека можеме да направиме нешто посебно“, изјави Давид Бабунски за официјалниот сајт на Данди Јунајтед. Бабунски ќе го носи дресот со број 10 и ќе му се придружи на Кристијан Трапановски. Во кариерата Бабунски играше во Црвена звезда, Јокохама, Омија Ардија, Ботошани, Вииторул Констанца, Дебрецен и Мезоковешд, а почетоците на неговата кариера беа во младинската школа на Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.