Лукаку ќе чека на Наполи, сака да игра под водство на Конте!

July 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лукаку ќе чека на Наполи, сака да игра под водство на Конте!

Приоритет за Ромелу Лукаку летово ќе биде Наполи каде тој изразил огромна желба да заигра за нив. Како што пренесува Фабрицио Романо, тој за тренер пак го посакува Антонио Конте, а и самиот Конте би бил среќен да го тренира Лукаку. Лукаку сега ќе ја чека ситуацијата со Осимен кој треба да замине летово, но засега нема конкретна и официјална понуда за него. Иако претходно се споменуваше дека Осимен би можел да премине во Челзи, таквата операција во моментов не е активна и очигледна е скапа дури и за Челзи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.