Англичаните одлучија: Сакаат Гвардиола да го замени Саутгејт!

July 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Англичаните одлучија: Сакаат Гвардиола да го замени Саутгејт!

Од Фудбалската асоцијација на Англија се решени Гвардиола да го направат наследник на Саутгејт. Според „The Independent“, ФА е подготвена да му понуди на Гвардиола позиција во репрезентацијата на Англија доколку тој го напушти Сити во 2025 година. Ако Гвардиола прифати, во меѓувреме ќе биде назначен селектор кој ќе биде преодно решение. Герет Саутгејт вчера си поднесе оставка како селектор на националниот тим. Тој ја предводеше Англија од септември 2016 година и под негово водство играа две финалиња на Европското првенство каде и двете ги изгубија и играа полуфинале на Светското првенство во 2018 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.