July 18, 2024 | | Свет
Герет Саутгејт реши да се повлече од клупата на Англија откако второ финале по ред не успеа да го освои Европското првенство. Во последното финале, загуби од Шпанија со 2:1 па го исполни тоа што претходно го ветуваше, дека ќе замине ако не го освојат првенството. Тој е само третиот селектор што го водел националниот тим на повеќе од 100 натпревари (102). На тие натпревари имал успех од 59,8% и пред него се Фабио Капело (66,7%), Алф Ремси (61,1%) и Рон Гринвуд (60%). Саутгејт не успеал да совлада само две селекции, Бразил и Франција со кои се сретнал по два пати. Кога тој беше селектор на Англија, нашата репрезентација го претрпе највисокиот пораз во својата историја. Лани од Англија бевме прегазени со 7-0. Но, ова не е највисоката победа на Саутгејт, туку е дуелот со Сан Марино со 10-0 во ноември 2021 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |