June 4, 2024 | | Свет
И покрај проблемите со финансиската состојба на клубот, Барселона смета дека може да го ангажира Кимих и подготвува понуда за Џошуа Кимих, а информациите ги пренесе шпанскиот весник „Sport“.
Претходно имаше информации дека Кимих не се согласил драстично да ја намали својата плата за да премине во Барселона. Сепак, самиот тој одлучува за неговата иднина бидејќи тој нема личен менаџер.
Неговиот договор истекува следното лето, па ако сега Баерн не го продаде, постои можност тој да замине бесплатно следното лето. Новиот селектор Ханзи Флик сака да го доведе Германецот и има намера да разговара со него за да го убеди.
Интерес за Кимих наводно покажува и англискиот Манчестер Сити, кој за неговиот потпис може да му понуди повеќе пари на Баерн. Претходно Кимих соработуваше во Гвардиола кога тој беше тренер на Баерн Минхен.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |