Вардар Неготино донесе ново засилување, седмо сезонава!

July 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар Неготино донесе ново засилување, седмо сезонава!

ФК Вардар Неготино го претстави и седмото засилување за следната сезона каде амбициите на клубот од Неготино се високи по завршеното шесто место во Втората лига минатата сезона. Новото засилување е Дамјан Стојковски, 20 годишен талентиран фудбалер кој игра на позиција заден везен и штопер. Стојковски има играно за младинските категории на Пелистер, една полусезона во Пелистер - сениори, а последно беш шампион со Куманово во Трета лига Север. Се работи за фудбалер со голем потенцијал и голем простор за напредок.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.