Не е само Тадиќ: Уште двајца српски фудбалери се откажуваат од селекцијата

July 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Не е само Тадиќ: Уште двајца српски фудбалери се откажуваат од селекцијата

Капитенот на Србија Душан Тадиќ реши да се пензионира од репрезентацијата откако беше незадоволен порати тоа што Пикси доволно не го играше на Европското првенство. Но, изгледа Тадиќ нема да биде единствениот кој ќе се пензионира од селекцијата. Наводно, наскоро ќе се пензионираат и Филип Костиќ и Немања Гудељ кои последните години беа меѓу најстандардните. „Незадоволство меѓу фудбалерите тлее уште од Катар кога на површина испливаа многу работи што се прикриваа со големата победа во Лисабон против Португалија. Се кулминираше на Европското првенство кога многу фудбалери пресекоа дека ако Пикси остане селектор, тие нема да играат за репрезентацијата“, тврдат медиумите во Србија.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.