Јунајтед ги стопираше преговорите за Де Лихт!

July 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед ги стопираше преговорите за Де Лихт!

Стоперот на Баерн Минхен Матијас де Лихт останува кандидат за Манчестер Јунајтед, но во моментов преговорите со Баерн се стопирани. Имено, Манчестер Јунајтед сè уште не е подготвен да плати 50 милиони евра + додатоци, а Баерн нема да ги намали своите барања. Де Лихт бил запознаен со целата ситуација, а во моментов тој е на одмор. Тој би требало повторно да се приклучи на тренинзите на Баерн на 2-ри август и е подготвен за тоа. Во исто време, нема договор за стоперот на Баер Леверкузен Тах се додека Де Лихт не е продаден.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.