Фудбалер од Штип своите деца си ги крстил Нејмар и Пеле! (ВИДЕО)

July 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Фудбалер од Штип своите деца си ги крстил Нејмар и Пеле! (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Дарко Алексовски предизвика многу реакции поради неговиот прекар Пеле по легендарниот бразилски играч, а зад тоа се крие необична приказна. Фудбалерот на Каменица Саса во разговор за „М-нет.мк“, вели дека прекарот Пеле го добил од неговиот татко, а истиот прекар го вметнал и во презимињата на неговите синови чии имиња се Нејмар и Габриел. „Мојот татко бил аматер, но бил многу атрактивен фудбалер, а во тоа време актуелен играч бил Пеле. Останатите почнале да го нарекуваат Пеле. И јас сум атрактивен и интересен фудбалер, па прекарот го добивам од мојот дедо и татко. И тој мој прекар го ставив на моите два сина. Моите синови се Нејмар и Габриел Благојчевски, односно Нејмар Пеле Благојчевски и Габриел Пеле Благојчевски. Не сакам да згасне таа традиција. Сакам да продолжи лозата. Пеле е кралот на фудбалот“, вели Алексовски.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.