(ГАЛЕРИЈА) Новата палата на Мбапе од 11 милиони евра во Мадрид!

July 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

(ГАЛЕРИЈА) Новата палата на Мбапе од 11 милиони евра во Мадрид!

Мбапе беше спектакуларно претставен како играч на Реал Мадрид пред 85.000 навивачи. Што се однесува до тоа каде Мбапе ќе живее, тој ја купи вилата каде престојуваше Герет Бејл кој до 2022 година играше за Реал Мадрид. Имено, се работи за вила со парцела од 3.000 квадратни метри и се наоѓа во луксузна населба на 13 километри од центарот на Мадрид. Во самата вила има хотели и голф терени, а интересно е што во близина на оваа вила живеат или живееле поранешните фудбалери како Тони Крос, Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан. Има и два базена, внатрешен и надворешен, мала кино сала, фудбалско и кошаркарско игралиште, голф терен, неколку тераси, гаража за шест автмобили, а самата куќа е 1.100 метри квадратни, а во неа има и осум спални соби и 11 купатила.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.