July 22, 2024 | | Свет
Англија моментално е без селектор откако Герет Саутгејт реши да си даде оставка по неуспехот на Европското првенство каде ова е второ финале по ред каде претрпуваат пораз. Хари Реднап, коментираше за тоа кој треба да биде нов селектор на Англија и даде интересен предлог. „Се сомневам дека многу луѓе би се согласиле со мене кога велам дека од ФА не треба да гледаат многу далеку и да се одлучат за некој како Стивен Џерард или Френк Лампард за селектор на националниот тим. Секој од нив може да ја заврши оваа работа, но претпоставувам дека ниту еден нема да го добие повикот. Нема сомнение дека Греам Потер или Еди Хау се побезбеден избор. Еди се претставува многу стабилно. Токму како што беше Герет пред осум години, што му ја донесе и оваа шанса“, вели тој. Тој објаснува дека ако од ФА сакаат некој кој е полн со фудбалско знаење, но и со искуство на меѓународно ниво, некој кој ја познава ситуацијата одвнатре, тогаш тоа се Френк и Стиви. Тој смета дека и играчите исто така би ги сакале и почитувале, напиша Реднап во својата редовна колумна за британскиот весник „The Sun“. Џерард во моментов е тренер на Ал-Етифак, а Лампард е без клуб.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |