Јоро: Јунајтед е најголемиот клуб на светот, би умрел за овој дрес!

July 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јоро: Јунајтед е најголемиот клуб на светот, би умрел за овој дрес!

Манчестер Јунајтед претходната недела и официјално го потврди трансферот на младиот француски стопер Лени Јоро кој дојде од редовите на Лил во трансфер пакет кој би можел да достигне 70 милиони евра. Иако првично го преферираше Реал Мадрид, беше притистнат и од Лил да ја прифати понудата на Лил бидејќи Јунајтед понуди најмногу за него. „Манчестер Јунајтед е најголемиот клуб на светот! За мене беше сон да заиграм за овој клуб. Фановите се неверојатни. Веќе зборував со Тен Хаг. Тој посакува играчи кои се подготвени да победуваат. Кога ќе ме стави во игра, подготвен сум да умрам за клубот!“, изјави Јоро.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.