Мбапе: Во ПСЖ в лице ми рекоа дека повеќе нема да играм

June 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе: Во ПСЖ в лице ми рекоа дека повеќе нема да играм

Откако беше официјализиран трансферот на Мбапе во Реал Мадрид, тој денеска за првпат даде изјава за медиумите. Тој разговараше со новинарите на собирот на француската репрезентација пред Европското првенство.

„Ќе бидам играч на Реал Мадрид најмалку во наредните пет сезони. Многу сум возбуден поради идејата да му се приклучам на овој голем клуб. Пристигнувам таму со голема доза скромност. Би сакал да им се заблагодарам на сите што помогнаа. Имам многу емоции, но морам да се вратам во реалноста. Знам дека е неправедно кон националниот тим“, изјави тој.

Беше запрашан и за почетокот на сега веќе минатата сезона кога ПСЖ не му дозволи да игра откако тој ги извести дека нема да го продолжи договорот.

„Во ПСЖ на почетокот на сезоната ми рекоа дека нема повеќе да играм. Ме спасија Луис Кампос и Луис Енрике. Ми олесна. Дојдов во Реал во најголемиот клуб во светот. Сакам да му се заблагодарам на претседателот Флорентино Перез. Тој ми веруваше од првиот ден“, рече Мбапе.

Во Реал Мадрид тој ќе го носи бројот 9 како што објави Фабрицио Романо, ќе зема околу 15 милиони евра годишна плата, а ќе земе и 100 милиони евра за потпис на договорот кој ќе трае до 2029 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.