July 23, 2024 | | Македонија
Од следната сезона, во македонскиот фудбал ќе настапи истото правило кое беше воведено и на последното Европско првенство. Имено, новото правило се однесува на условите и критериумите на судењето и гласи: „Само на капитените на тимовите ќе им биде дозволено да комуницицираат со судиите“. Ова значи дека судиите ќе имаат отворена линија на дијалог со тимовите во објаснувањето на клучните одлуки и одлуките кои произлегуваат од ВАР технологијата во натпреварите каде ВАР технологијата е активна. Тоа објаснување за донесените одлуки им се дава исклучиво само на капитените на тимовите, кои се единствените играчи на теренот кои имаат право да разговараат со судијата и да бараат објаснување на одредена ситуација на респектабилен начин. Капитените ќе бидат задолжени за нивните соиграчи каде ќе бараат од нив да ги почитуваат судиите, да држат дистанца и да не ги опкружуваат судиите по донесувањето на одлука за време на натпреварот. Исто како и на Европското првенство, ако капитенот е голман и е далеку од судијата, ќе има задолжено играч кој ќе биде овластен да разговара со судијата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |