Пеп: Би бил среќен ако Родри ја освои Златната топка

July 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Пеп: Би бил среќен ако Родри ја освои Златната топка

Пеп Гвардиола изјави дека лично би бил пресреќен што Родри беше прогласен за играч на турнирот на Европското првенство каде со тоа ги зацврсти своите шанси за Златната топка. Во моментов тој и Винисисус имаат најголеми шанси за освојување на оваа престижна награда. „Неговата постојаност е неверојатна. Нема да кријам, би бил среќен ако може да ја добие и „Златната топка“. Но, да се биде номиниран или да се освои, тоа е фантастично за него, се разбира, за неговото семејство и пријателите. Исто така и за Манчестер Сити и целиот клуб“, вели Гвардиола. Покрај Винисиус и Родри, како кандидати се спомнуваат Белингем, Карвахал, па и во последно време Лаутаро Мартинез.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.