Хислоп: Поради двајца играчи Арсенал не може да ја освои титулата во ПЛ

July 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Хислоп: Поради двајца играчи Арсенал не може да ја освои титулата во ПЛ

Некогашниот голман на Вест Хем и Њукасл смета дека Арсенал многу тешко ќе ја освои Премиер лигата, а вината ја гледа во двајца играчи кои се едни од клучните за Артета. Калафиори наскоро ќе биде официјализиран како ново засилување, а засега Арсенал не е близу да донесе играч кој игра во нападот. Шака Хислоп тврди дека одбраната не е проблем за „топчиите“ туку офанзивната линија. Тој смета дека Арсенал многу тешко ќе стигне до пехарот со играчи какви што се Каи Хаверц и Габриел Жезус. „Одбраната не е првото нешто на кое помислувате кога размислувате каде Арсенал треба да се подобри. Нивниот дефанзивен рекорд беше исто толку добар колку што може. Ама навистина се сведува на напаѓачките опции на Арсенал. Додека Хаверц, понекогаш, се појавуваше во клучните моменти во клучните натпревари со голови, јас едноставно не го гледам како напаѓач кој може да тим за освојување на Премиер лигата“, вели тој. Хислоп рече дека истото го чувствува и за Габриел Жезус за кој смета дека почнал добро во Арсенал. „Микел Артета е во право, разликите се навистина мали, особено ако се земе предвид колку добар Манчестер Сити продолжува да биде. Има уште работа да се заврши во Арсенал, бидејќи тие едноставно не успеаја и покрај тоа колку се добри“, вели Хислоп за „ESPN“.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.