Флик: Колку што знам, тој во моментов не е играч на Барселона!

July 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Флик: Колку што знам, тој во моментов не е играч на Барселона!

Денеска и официјално Ханси Флик беше претставен како тренер на Барселона па даваше и изјави за медиумите. Тој воедно беше запрашан за ситуацијата на Сержи Роберто кој најверојатно заминува од Барселона, а Флик кратко го прокоментира неговиот статус. „Колку што знам јас, тој во моментов не е играч на Барселона. Не знам ништо повеќе за тоа“, рече тој. Се очекува Роберто конечно да замине од клубот а тој си заминува по завршувањето на досегашниот договор. Тој одигра 373 натпревари и постигна 19 гола со 43 асистенции. Играше како десен бек, но и како фудбалер од средниот ред, што е негова природна позиција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.