Објаснето е зошто Барселона го отпушти Чави и го донесе Флик!

July 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Објаснето е зошто Барселона го отпушти Чави и го донесе Флик!

На денешната прес-конференција, претседателот Хуан Лапорта го промовираше Флик како нов тренер на Барселона. Тој воедно повторно беше запрашан за причината Чави да биде сменет како тренер иако првично беше договорено негово останување барем уште една сезона. „Како претседател на Барса морам да го ставам интересот на клубот пред различни персонални и индивидуални ситуации. Чави пишуваше историја за нашиот клуб со златни букви, но дојде време за нов импулс. Моравме да ја направиме оваа промена“, вели тој. Лапорта додаде дека Чави ја презел екипата во тешка ситуација и инвестираше многу во младите фудбалери. „Минатата сезона не заврши како што посакувавме, па време беше да направиме промена“, рече Лапорта.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.