Рома сака да го украде Довбик од Атлетико Мадрид!

July 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Рома сака да го украде Довбик од Атлетико Мадрид!

Утрово излезе информација дека Рома се распрашувала за напаѓачот на Џирона Артем Довбик кој сеуште ги нема договорено личните услови со Атлетико Мадрид иако клубот од Мадрид се договори со неговиот клуб за трансферот кој треба да чини 40 милиони евра. Фабрицио Романо сега пренесува дека Рома има план да испрати понуда за Довбик и да се обиде да го украде Украинецот од Атлетико Мадрид! Воедно, тренерот Даниеле Де Роси лично го побарал Довбик за да проба да го убеди да се пресели во Италија. Допрва ќе биде познато каде ќе заврши Довбик кој сеуште нема дадено зелено светло за трансферот во Атлетико Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.