Манчестер Сити испратил понуда за Олмо!

July 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Манчестер Сити испратил понуда за Олмо!

Лајпциг ќе го продаде Дани Олмо летово за околу 60 милиони евра иако истече откупната клаузула со истата сума. Првичната понуда на Барселона од 40 милиони евра кои би се плаќале на рати од 10 милиони евра годишно почнувајќи од 2025 година плус одредени бонуси кои ќе стигнат до 60 милиони евра била експресно одбиена од Лајпциг. Според новинарот Santi Aouna, Манчестер Сити исто така испратил понуда за Олмо, а фудбалерот преферира да се придружи на Барселона попрво отколку на Сити. Нема детали за понудата на Сити сеуште, но се претпоставува дека се работи за сума од околу 60 милиони евра, цифрата која ја бара германскиот клуб Лајпциг. Тој има договор со германскиот клуб до крајот на јуни 2027 година. За Лајпциг постигна 29 и забележа 34 асистенции на 148 натпревари. На 33 натпревари за репрезентацијата постигна осум гола и запиша седум асистенции, а на Европското првенство постигна три гола.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.